![Амбициозни планови на Кинезите со вештачката интелигенција](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/01/Nio-es8-front.jpg)
Амбициозни планови на Кинезите со вештачката интелигенција
Кина сака да воведе вештачка интелигенција во најмалку половина од своите нови возила до 2020 година, пишува агенцијата Reuters
Кина планира да стане лидер во сегментот на вештачката интелигенција до 2025 година, а нејзините официјални лица веруваат дека голема улога во тој проект ќе имаат „паметните” автомобили. Кина планира да покрие до 90% од патиштата во големите градови со голема безжична мрежа која ќе ја користат токму овие „паметни” автомобили, исто така, до 2020 година.
Сепак, Комитетот за национален развој и реформи пред да се преземат било какви активности сака да види какви ќе бидат повратните информации од јавноста за целите со вештачката интелигенција.
Овој комитет открива дека сака да создаде тим на експерти кои ќе управуваат со развојот на овие иновации и се надева дека Кина ќе стекне глобална репутација за производство на „паметни“ автомобили до 2035 година.