Alfa Romeo 8C во Touring каросерија е свежо реставрирана, така да воопшто не е изненадување престижната награда Best of Show на познатата автомобилска изложба во Калифорнија

Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta, најубавиот автомобил на Pebble Beach Concours d’Elegance 2018

Ова е првото јавно појавување на автомобилот по темелната реставрација. Рака на срце, титула на Pebl Beach има освоено и во минатото, како што е наградата за „Најелегантен затворен автомобил 2001“. Сепак, сопствениците, Дејвид и Џени Сидорик од Беверли Хилс, решиле да ги вратат спецификациите од Берлинското шоу во 1938 година.

Не само што 8C е технолошки најнапредниот модел во своето време, туку примерокот кој е во сопствеништво на Дејвид и Џени Сидорик е во најелегантната Carozzeria Touring каросерија.

„Овој автомобил е еден од петте направени, а неодамна е целосно обновен, што бараше огромни напори и посветеност на сите оние кои беа вклучени во процесот“, вели Дејвид Сидорик. „Чувството е одлично, да се победи во Pebble Beach и да се добие Rolex часовник. Едвај чекам гордо да го носам“.

Кога премиерно била лансирана на Салонот за автомобили во 1938 година, оваа Alfa била во центарот на збиднувањата во автомобилскиот свет. Потоа, се има појавено во неколку од тогашните списанија, како и во продажната брошура на Alfa, означена како Coupe Leggero.

Се верува дека била во Германија се до 1956 година, кога била увезена во САД. Автомобилот бил реставриран во деведесеттите години, што резултирало со првата титула во Pebble Beach, но последната реставрација значително ги зголемила стандардите така што наградата Best in Show воопшто не е изненадување.

Pebble Beach Best of Show победниците секогаш било тешко да се предвидат, како и во овој случај, особено во конкуренција на Тalbot Lago T26 Grand Sport Figoni Fastback Coupe од 1948, во сопственост на Роберт Кудела од Чешка и Duesenberg J Murphy Town Limousine од 1929 година, дел од колекцијата Lehrman, а која по втор пат учествува на изложбата во Pebl Beach.

Talbot Lago T26 Grand Sport Figoni Fastback Coupe од 1948

Изложбата Pebble Beach Concours d’Elegance се одржува од 1950 година, првично според европскиот модел, кој се концентрирал на нови возила. Сепак, од 1955 година, фокусот е пренасочен кон колекторски возила, а подоцна и значајни тркачки примероци, пример кој подоцна почнуваат да го следат и други изложби.