Италијанскиот производител на автомобили Alfa Romeo како што се наведува, следната година ќе го претстави наследникот на легендарниот 6C

Германскиот тјунер, специјализиран за автомобили на Alfa Romeo, ја прошири оваа гласина со навод дека изворот е „апсолутно сигурен“.

Alfa Romeo 6C е лансирана во 1927 година, а последниот примерок е произведен во 1954 година. Именуван е според 6-цилиндерскиот мотор под хаубата и шасијата ја произведувале компании како James Young, Zagato, Costagna и Pininfarina.

Alfa Romeo 6C 2500 SS Spider од 1942 година

Новиот Alfa Romeo 6C на јавноста треба да и биде претставен на некој од најголемите авто саеми кон крајот на 2018 година или поверојатно, во 2019 година, а во продажба се очекува од 2020 година.

FIAT Chrysler Automobiles (FCA) во последните неколку години постојано ги зголемува инвестициите во својата подружница Alfa Romeo, а актуелни адути на пазарот се седанот Giulia и SUV моделот Stelvio, кој лесно би можеле да бидат само врв на ледениот брег во новата Alfa Romeo гама на модели.

Новиот 6C под хаубата би требало да има 2.9-литарски твин-турбо алуминиумски V6 со 510 КС и 600 Nm вртежен момент помеѓу 2.500 и 5.000 вртежи во минута.

Главниот конкурент на пазарот треба да биде Jaguar F-Type.