Албанија го добива првиот суперспортски автомобил?!
Автомобилот од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 2,7 секунди, а максималната брзина е 375 km/h
Arrera Automobili е нова компанија основана од Кендрим Тачи и се надева дека Illyrian Pure Sport ќе го доведе до процес на производство. Ова е првиот албански суперавтомобил кој има карбонско аеродинамично тело, голем заден спојлер и вертикално поставени LED фарови.
Го придвижува Chevrolet V8 6.2-литарски твин-турбо мотор (850 КС), со погон на сите тркала. Силата се пренесува преку 8+степен автоматски менувач со двојна спојка Tremec. Автомобилот од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 2,7 секунди, а максималната брзина е 375 km/h.
Шпкулациите велат дека Кендрим Тачи веќе има инженери кои ќе го развиваат ова возило, но според некои извештаи сè уште се обидува да ја затвори финансиската конструкција. Токму многуте историски примери нè учат дека ова е најтешкиот потфат. Затоа овој суперспортист сè уште е во компјутерот на Кендрим Тачи.