Акциите на Kia добија нa вредност по извештајот дека Apple ќе инвестира во корејската компанија
Откако локалните медиуми објавија дека Apple Inc. ќе инвестира околу 3,6 милијарди долари во Kia Motors, вредноста на акциите на корејскиот ентитет се зголемија за 14,5%
Инвестицијата на американската страна беше најавена во контекст на соработка за развој на електрични возила.
Компанијата која ги има правата за iPhone планира да воспостави производство со Kia и да составува автомобили на Apple во погоните на корејската компанија во американската сојузна држава Џорџија, објави магазинот DongA Ilbo, без да се повика на никого, во врска со изворот на информации. Според најавите, компаниите ќе потпишат договор на 17 февруари, со цел да се претстават возилата на Apple во 2024 година. Првичните планови предвидуваат производство на до 100.000 автомобили на годишно ниво.
Претставниците на ниту една од двете компании не сакаа да коментираат.
Извештаите дека Apple размислува да ја прошири својата деловна активност во сегментот за развој на автомобили, предизвикаа шпекулации за тоа кој би можел да биде партнерот задолжен за организирање на производствениот циклус. Проектот за развој на автомобили од гигантот од областа на информатичката технологија е сè уште во рана фаза, а на компанијата ќе и требаат најмалку пет години да претстави автономно и електрично возило, сметаат луѓето кои се запознати со темата. Веста ја пренесува Bloomberg. Ова практично значи дека Американците не брзаат да изберат партнер за соработка.
Минатиот месец, Hyundai Motor Co. изјави дека е во преговори со Apple, но подоцна се повлече изјавувајќи дека била контактирана од потенцијален партнер, со цел да се воспостави договор за развој на самовозечки автомобил, но името на американската компанија повеќе не беше споменато. На тој ден, акциите на Hyundai пораснаа за 20%, додека според истиот рецепт, сега акциите на Kia се на највисоко ниво (што се однесува до вредноста на берзата) од 1997 година.
Електричниот автомобил на Apple би им конкурирал на производите на Tesla Inc, Lucid Motors и Nio Inc., но не треба да ги заборавиме и ветераните на автомобилската индустрија, како што се германските компании Daimler AG и Volkswagen AG. Изградба на фабрика чини милијарди евра и бара години на работа, така што тоа е најверојатната причина за започнување преговори иницирани од американска страна со потенцијални партнери.
Други компании од областа на технологијата, кои беа заинтересирани за составување автомобили, исто така бараа партнери за производство, така што оваа вест не е невообичаена.