Ако се почитува брзината… Во Унгарија има пат кој свири! / ВИДЕО
Мелодијата се наоѓа „на патот“, односно асфалтот со нерамнини кои создаваат триење помеѓу гумите и патот
Кон крајот на минатата година во Унгарија беше отворен „музички пат“. Станува збор за „патот 37“, кој се наоѓа во североисточна Унгарија во близина на границата со Словачка и води од Фелшсолц до Саторалјауџели.
Унгарската народна песна Érik a szőlő (Грозјето зрее) можат да ја слушнат возачите кои возат со брзина од точно 80 km/h, а ако пресилно стиснат на педалата за гас или возат премногу бавно, мелодијата нема да биде совршена.
Мелодијата се наоѓа „на патот“, односно асфалтот со нерамнини кои создаваат триење помеѓу гумите и патот.
Hungary’s musical road will sing to drivers going the right speed pic.twitter.com/20seHpgSYf
— Historic Vids (@historyinmemes) February 2, 2023