На патиштата често се фрла и песок, кој не го топи мразот, но го зголемува триењето и тракцијата на тркалата

Според сегашните најави во однос на временските услови, оваа година тешко дека ќе видиме снег во градските средини, освен на повисоките места и планините. Децата го обожаваат, возрасните малку помалку, а многумина ќе бидат рамнодушни кога станува збор за врнежите бидејќи и онака нема да одат на скијање оваа сезона, која е сè друго освен нормална.

Како и да е, за да се намали можноста за замрзнување на патиштата, тие се посипуваат со сол, а честопати солта се користи и за чистење на приодите во нашите живеалишта (иако е подобра опција за околината снегот да се исчисти со лопата).

Постојат два вида сол кои најчесто се користат, натриум хлорид до – 7 степени (не е ефикасен на пониски температури) и калциум хлорид кој го топи мразот до температура од – 33 степени.

На патиштата често се фрла и песок, кој не го топи мразот, но го зголемува триењето и тракцијата на тркалата. Неговата функција трае се додека се наоѓа на врвот на површината. Ако истата е покриена со снег, песокот ја губи ефективноста.