ABB го претстави најмоќниот полнач за електрични возила во светот / ВИДЕО
Шведско-швајцарскиот концерн ABB е веќе познат „играч“ во индустријата која се занимава со развој и производството на полначи за батерии на електричните возила
Ако се погледне нивниот бизнис од 2010 година, станува јасно дека тие до своите клиенти веќе испорачале повеќе од 460 илјади полначи. Иако повеќето од оваа бројка се претежно евтини AC терминали, со само 21 илјада DC станици, резултатот е навистина завиден. Но, отсега палетата на производи на ABB се збогатува и со најмоќната станица за полнење батерии во светот. Нејзиното име е Terra 360.
Меѓутоа, декларираниот капацитет од 360 kW е само 10 kW поголем од оној што го нудат постоечките станици од опсегот на европската мрежа на Ionity. Уште повеќе што на пазарот се уште не му е понуден електричен автомобил кој би можел да се „офајди“ од таков капацитет. Најмногу што се нуди меѓу моделите на батерии е на граница со 350 kW.
Сепак, ако се гледа строго теоретски, станица од 360 киловати е во состојба да ја наполни батеријата на секое во моментов познато електрично возило за помалку од петнаесет минути, додека за автономија од сто километри би биле потребни помалку од три минути дополнување на батеријата и нова станица на ABB.
Новиот производ од ABB има уште една предност. Имено, станицата Terra 360 овозможува истовремено поврзување до четири електрични возила, додека единиците од сегашната генерација се генерално способни да прифатат до два автомобили. Но, во овој случај, дури и кога се закачени четири возила, тие делат вкупно 360 киловати, што значи дека секој корисник ќе привлече моќност до 90 kW.
Станиците за дополна Terra 360 на европските патишта ќе се појават подоцна годинава, додека продажбата на пазарите во Азија, Јужна Америка и САД нема да започне до 2022 година.