По прилично високите температури во ноември, декември ни ги донесе првите утра со температури во минус

Зимата е тука, а тоа значи нови одговорности за сите возачи, но и нови проблеми. А стругањето на заледените прозорци е една од најитирачките активности за многу возачи.

Се разбира, под услов да имате исправна електрична инсталација и целосно полн акумулатор, а системот за ладење да е исполнет со вистинска концентрација на антифриз. Во спротивно, нема да стигнете далеку, затоа што ова се несовладливи пречки, првата да го стартувате моторот и втората да прејдете одалеченост која би го оправдала користењето на автомобилот.

Студените утра во овој период од годината значат температури под нулата, а кои со повисоки дневни температури и евентуални врнежи од дожд, секако носат слој мраз на површината на автомобилот. Стаклените површини, особено шофершајбната, како и бравата на вратата пред да се влезе во автомобилот мора да бидат одмрзнати.

Очекувано, најдобро и најзгодно решение е да го стартувате моторот на автомобилот, да го вклучите греењето и да почекате мразот да се стопи. Не е најеколошки, но е најдобро за вас и моторот на автомобилот. Бидејќи турирањето на ладен мотор дефинитивно не е најпаметната работа, исто како и наглото повлекување или активирање на брисачите.

Во првиот случај, доволна е лесна нога на педалата за гас, а во вториот случај, здрав разум и време. Исто така, корисно е да ги оставите брисачите подигнати по паркирањето на автомобилот. Со тоа, веќе сте завршиле барем третина од работата. Друга работа е дека може да оставите подебел картон или некоја почврста ткаенина над шофершајбната. По правило, доволно за да се спречи создавање мраз.

Што ако немате стругалка?

Ако немате стругалка или имате од оние најевтините, промотивни, пукната, сè уште има надеж. Не мора да чекате да автомобилот да го одработи претходно наведеното. Спас има и со пластика – банкарска картичка, исто како и картичките за лојалност кои сега ги делат скоро сите поголеми маркети и продавници. Имајте нешто од ова секогаш во автомобилот.

Течност за одмрзнување

Тоа сигурно не е водата. Барем не чиста и не жешка. Они што пробале знаат

Има друго решение. Купете некој од спрејовите за одмрзнување бидејќи со сигурност работат. Дури и не мора да бидат од реномиран производител. Течноста не е ништо тајно, затоа што истата течност можете да ја направите и сами дома. Сè што ви треба е алкохол и вода, во однос 2: 1 во корист на алкохолот. Исто така, корисен е и малку детергент за миење садови, кој ќе го отежни новото замрзнување. А ако во резервоарот имате течност за миење на миење на шофершајбната која се користи во лето, слободно и во неа истурете алкохол.

Што со вратите?

Кај постарите автомобили, особено оние што сè уште користат клуч, замрзнување на вратата воопшто не е ретко. Овде не се мисли само на вратите, туку и на гумените облоги, кедерите. Ако ја повлечете вратата со сила, рачката може да ви остане во рацете, а може да се искинат и гумите. Затоа, многу попаметно е неколку пати да идрите со рака по вратата за да го ослободите мразот. Исто така е добро да се потпрете на вратата со полна тежина, а потоа само да ја повлечете.

Потоа, премачкајте ги кедерите со малку маснотија, можеби дури и сјај за гуми. Што се однесува до клучот, најдобро решение за старите автомобили е воопшто да не се заклучува вратата, или да се остави капакот на багажникот отклучен. Друга опција е да го загреете клучот на пламен од запалка, а потоа да го вметнете во бравата за да попушти мразот. Ова функционира, но по повеќе обиди. Значи, најпаметно е користење на некој спреј за стаклата, како и подмачкување на бравите и кедерите

Како да ги отворите прозорците?

Брзате на работа, веќе се движите, а страничните прозорци неисчистени од мраз. Нормално за да видите што се случува станично треба да го отворите прозорецот, а тој замрзнат. Единствениот начин е да застанете, да ја земете споменатата пластика и да ја вметнете помеѓу стаклото и гумата и да поминете со неа неколку пати лево десно.