На македонскиот пазар пристигна новиот балканскиот бренд Autoto кој се занимава со продажба на користени возила од сите брендови

 

Возилата за продажба, засега, може да се погледнат во салонот на Autoto како и на Фејсбук страната https://www.facebook.com/autotomk а наскоро, ќе се пушти во употреба и интернет страницата со понуда на користените возила за купување од мрежата на Autoto на Балканот (Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина).

 Под слоганот „Сигурни автомобили – среќни возачи“, овој бренд обезбедува проверка на купениот автомобил кај овластен сервисер и гаранција од 6 месеци за возилото. Среќата кај купувачите следува преку дополнителните попусти и подароци.

 Во Autoto може да најдете користени возила од сите брендови. Се нуди и можност да го оставите вашето старо возило за да набавите некои од автомобилите на залиха.

 Локацијата на салонот е во состав на новиот објект на Ми-Да Гранд Моторс на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, Скопје.