Невообичаен, но интересен начин да се казни пребрзото возење
Оваа одлука на еден судија може да стане практика
Веднаш да биде јасно. Сторителот не бил ослободен. Напротив, казната е таква што тој ќе ја има во предвид секој пат кога ќе го земе воланот во раце. Имено, возачот морал да му вети на судијата една работа.
Фрејзер Џонстон (39) од Маселборо, близу Единбург, Шкотска, е горд сопственик на американскиот „ѕвер“ Ford Mustang GT со над 450 КС. И, како и многу други, Фрејзер едноставно го понела моќта на Mustang, поради што се нашол пред судија за прекршоци, нормално поради пребрзо возење – тој бил снимен како вози со 175 km/h.
Џонстон пред судијата се обидел да се одбрани со емоции. Неговиот адвокат и тој се обиделе да објаснат дека неговиот Mustang буквално го завел, односно не можел да одолее и да не ја стисне педалата за гас. Понекогаш би забрзал без да биде свесен за тоа. Адвокатот дури истакнал дека Фрејзер понекогаш сфаќал дека вози премногу брзо, па дури и забавувал.
Смешно објаснување или не, но фактите кажуваат поинаку. Фрејзер бил фатен како вози пребрзо неколку пати од 2017 година, а често знаел и да паркира кои не се дозволени за тоа. Еднаш бил фатен и два пати во ист ден по што неговата возачка дозвола била привремено одземена.
На крајот судијата немал друг избор освен да донесе уникатна можна одлука. По разговорот, Фрејзер се согласил да го продаде својот Mustang GT, но исто така се согласил да купи многу побавен Peugeot Partner како замена.
Се разбира, добил шест негативни поени според тамошните закони и морал да плати глоба од 420 фунти.