За прв пат во историјата, електричните автомобили бележат пад на продажбата

Продажбата на електрични автомобили по прв пат откако се води статистиката, има пад, се вели во извештајот на фирмата за истражување на пазарот Sanford C.Bernstein. Падот е забележан во јули, кога намалувањето било за 14% или 128.000 единици.

Главните причини за тоа се намалувањето на владините субвенции за електрични автомобили во Кина, која е всушност и најголемиот пазар за овие возила. Во 2018 година во оваа земја се продадени 1,3 милиони електрични возила, а за 2 милиони помалку во остатокот од светот.Вкупно, властите во Кина издвоиле 60 милијарди долари во текот на последната деценија за субвенционирање и развој на електричните автомобили, но во јуни оваа програмата била сериозно намалена.

Државната помош за електрично возило со автономија до 400 км е намалена 2 пати – од 7.400 на 3.700 американски долари. Субвенција добиваат автомобилите со 250 километри автономија, но не и до 150 км, како што беше порано. Во 2020 година ќе бидат стопирани сите субвенции за електрични возила во Кина.

Аналитичарите велат дека севкупно, пазарот на електрични возила за првите 6 месеци од 2019 година е зголемен за скоро 30%. Ова зголемување делумно се должи на бумот во продажбата на електрични автомобили во Украина, каде што биле продадени 5.000 нови електрични автомобили во првата половина од годината. Ова е за 47% повеќе отколку во цела 2018 година. Причината за зголемената побарувачка е конфликтот со Русија, што довело до зголемување на цената на нафтата. Украинците се принудени да бараат нови решенија, а едно од нив се електричните возила.