Скратен списокот на кандидати за избор за „Северноамерикански автомобил, теренец и камион на годината 2020“
Во листата на кандидати се Corvette C8, Kia Telluride, Polestar 1 и многу други
Време е да се избира „Северноамерикански автомобил на годината“, а штотуку се објавени полуфиналистите на изборот за автомобил, камион и SUV на годината. Меѓу 29-те кандидати, има неколку очигледни избори, но има и некои кои се изненадување.
Прво листата на полуфиналисти меѓу автомобилите, во чија конкуранција минатата година победи Genesis G70. Сепак, оваа година списокот е некако повеќе хетероген. Тука се семејни седани како Subaru Legacy, спортисти како C8 Corvette и Porsche 911, како и хибриден Polestar 1. Еве ги 12 кандидати:
- BMW 3-Series
- Cadillac CT5
- Chevrolet Corvette Stingray
- Hyundai Sonata
- Kia Soul
- Mazda3
- Mercedes-Benz A klase
- Polestar 1
- Porsche 911
- Subaru Legacy
- Toyota Supra
- Volkswagen Arteon
Во трката за „Северноамерикански теренец на годината, има 12 други кандидати.
- Audi e-tron
- Cadillac XT6
- Chevrolet Blazer
- Ford Explorer
- Ford Escape
- Honda Passport
- Kia Telluride
- Hyundai Palisade
- Lincoln Aviator
- Lincoln Corsair
- Subaru Outback
- Volvo V60 Cross Country
Што се однесува до кандидатите за „Северноамерикански камион на годината“, тука има само пет. Сите тие се од американски производители.
- Chevrolet Silverado Heavy Duty
- Ford Ranger
- GMC Sierra Heavy Duty
- Jeep Gladiator
- Ram Heavy Duty
Членовите на жирито ќе се најдат зад воланот на сите овие возила во октомври на групен тест. Финалистите во сите категории ќе бидат објавени на автосалонот во Лос Анџелес во ноември, а наградите ќе бидат доделени во почетокот на 2020 година.