Што ако го измиете автомобилот со вода под притисок од пожарникарско црево?! / ВИДЕО
Русите од Garage 54 во уште еден луд експеримент
Опремата за автомобилско перење под висок притисок совршено се справува со нечистотијата на автомобилот, но што ако се користи пожарникарско црево. Оваа луда идеја ја добиле и спровеле во дело момците од рускиот YouTube канал Garage 54.
За експериментот била употребена стара Lada, која претходно била нашарана на терен за paintball, вклучително и во салонот. По обидот на презентерот да ја исчисти бојата со вода од река, кој се разбира, завршува неуспешно, доаѓа противпожарната бригада со вистински противпожарен камион и црева за вода под голем притисок.
Резервоарот на противпожарниот камион собира до 5000 литри вода и пумпата е во состојба да ја испрати до пожарот со брзина до 40 литри во секунда. За споредба, гаражната пумпа од овој тип испорачува помалку од 7 литри во минута.
Ќе се измие ли целосно автомобилот од нанесените бои? Погледнете во приложеното видео.