За вистинските автомобилски вљубеници, две работи се важни при изборот на недвижнина: голема гаража и близина на тркачка патека. Оваа куќа го нуди сето тоа,  и малку повеќе.

Тешко е да се усогласат потребите и вкусовите на челоновите на семејството. При изборот на недвижнина, на некои луѓе им е потребна микро-локација, на некои им е потребна близина на природата, а на некои им се потребни само квадрати. Исто така, постојат и посебен вид на луѓе на кои автомобилот или цела авто „ергела“ имаат статус на домашно милениче, па разбирливо тоа влијание и во изборот на живеалиште.

Е сега, ако сте вљубеник во октаните, оваа куќа е вистинско место за вас. Сместено е на само стотина метри од тркачка патека долга 2,7 км, како и уште една на одалеченост од два километри. Влезот на патеката чини 100 американски долари месечно покрај членарината од 3.700 долари. Целото приземје е во служба на вашето хоби, со капацитет за шест автомобили. За сите нив на располагање е вистински мал сервис со две хидраулични дигалки, алати и простор за складирање на делови и гуми. Се разбира, има простор и за одмор.

Останатите два спрата се за престој на остатокот од семејството. Има две спални соби и сите соби имаат балкони со неверојатен поглед, барем за вљубниците во октаните за кои е наменета оваа куќа. Нејзината цена е 449.000 американски долари и се наоѓа во Кресон, Тексас.

https://www.facebook.com/f1realestategroup/videos/446043315984678/