Јапонската Mazda ги објави спецификациите за својот нов CX-30 кросовер

Моделот CX-30 е базиран на популарниот хеџбек Mazda3, и всушност е поголема и попрактична верзија на SUV моделот CX3.

Компактниот SUV ги комбинира елегантниот Kodo стил со дизајн на ентериерот посветен на човекот и уживање во возењето кое Јапонците го нарекуваат  „Jinba Ittai“.

Надворешно и димензиски гледано, новиот CX-30 е долг 4.395 mm, широк 1.795 mm и висок 1.540 mm со меѓуоскино растојание од 2.655 mm. Од друга страна внатрешноста се одликува со простран и отворен простор за патниците и мошне удобна позиција за возачот.

Ново развиените технологии како Mazda Harmonic Accustics со 8 звучници или премиум аудио систем со 12 звучници од Bose се внимателно интегрирани со врвните материјали и завршната обработка за да се создаде внатрешен амбиент со висок квалитет и вистинска префинетост.

Тука е и сеопфатниот пакет на активни безбедносни системи i-ACTIVSENSE кој вклучува надгледување на возачот, како и унапреден погон на сите тркала i-Activ (All Wheel Drive или AWD), кој работи во согласност со контролорот на распределбата на вртежниот момент меѓу предната и задната оска наречен G-Vectoring Control (GVC).

CX-30 ги користи истите мотори како Mazda3, што значи најновите бензински и дизел агрегати со Skyactiv технологија – Skyactiv-G, Skyactiv-D и Skyactiv-X.

Вклучена е и револуционерната технологија Spark plug controlled compression Ignition или SPCCI, која користи уникатен метод на согорување на горивото, со цел комбинирање на целосно ослободени перформанси кај бензинците, како и врвен одзив кај дизел моторите.

Тука е и бензинскиот SKYACTIV-G, 2.0-литарски мотор со четири цилиндри i 122 КС, со погон на предните или на сите четири тркала и рачен или автоматски менувач со шест брзини, како и просечна потрошувачка на гориво од 6.2-7.3 l / 100 km.

Во понудата се наоѓа и дизелскиот SKYACTIV-D, 1.8-литарски мотор со четири цилиндри кој испорачува 116 КС и 270 Nm вртежен момент, со просечна потрошувачка од 5.1-6,6 l / 100 km.

За оние кои бараат повеќе „коњи“, во понуда ќе биде револуционерниот 2.0-литарски бензинец наречен SKYACTIV-X со 190 КС и максимален вртежен момент од 230 Nm.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1Xh2HBU3ujN8ufK1rMP48W-JUdHgjmVZL” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Автомобилот кој дебитираше на Саемот за автомобили во Женева во март, на европскиот пазар се очекува наскоро.