Кaко до електронски бесконтактни смарт-картички за плаќање патарина?
Вчера стартуваше електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на наплатната станица Петровец
Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички, а наплатата на надоместокот за користење на пат (патарина) ќе се врши комбинирано преку отворен систем и затворен систем за наплата на патарина, составен од наплатни станици. Начинот на плаќањето на патарината може да биде:
- готовински и со банкарски картички (дебитни и кредитни),
- електронски со бесконтактни смарт-картички и со уред за електронска наплата на патарина и
- билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање.
Правните и физичките лица можат да ја плаќаат патарината со купување бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата на патарина (таг). Уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување, додека со бесконтактните смарт-картички е овозможено плаќање само со приближување на картичката до читачот. Во моментов и двата начина на плаќање се овозможени на пет наплатни станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Планирано е новите две наплатни станици, Демир Капија и Гевгелија, да се пуштат во употреба во текот на 2019 година.
Начини за плаќање патарина:
Поминување со смарт-картички
- Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.
- Возилата мора да застанат пред читачот на картички заради плаќање. Автоматската рампа не се подига доколку не се изврши валидна трансакција, односно плаќање на патарината.
- Возачот ја доближува смарт-картичката до уредот за читање и рампата се подига ако картичката е важечка и ако на неа има доволно средства.
- Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа над читачот на картичките се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
Во случај на неуспешно плаќање, возачот има две можности:
- Да купи важечка картичка или да ја надополни картичката на продажното место поставено во кабина на лентата и да помине по лентата (при што возачот нема да треба повторно да го користи читачот за картички);
- Да плати готовински и или со банкарски картички (дебитни и кредитни), или
- Да го повика одговорниот на наплатната станица да му издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање и истиот може да го плати подоцна на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта или во банка.
Поминување со уред за електронска наплата на патарина – ТАГ
- Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.
- Возилата со уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) се детектираат автоматски при влегувањето во зона на комуникација покриена од антената.
- Износот на патарината што треба да се наплати го определува системот и штом возилото се приближи до рампата, таа автоматски се подига, доколку плаќањето се реализирало успешно. Дисплејот за корисници поставен на островот на сообраќајната лента го покажува износот на наплатена патарина, категоријата на возилото одредена со преткласификација на возилата (the Pre-AVC class) и салдото на сметката.
- Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа на островот на сообраќајната лента се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
- Во случај на неуспешно плаќање, возачот ги има истите две можности како при неуспешно плаќање со смарт-картички.
Купување и дополнување на припејд-уред
Електронските уреди (бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата) може да се купат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици и во контролниот центар Петровец, а можат да се надополнуваат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта, на следниот линк:
Надополнување на средства на електронски уреди
Попусти и продажни цени на уреди за електронска наплата на патарина (ТАГ) или бесконтактни смарт-картички
Цената на бесконтактните смарт-картички изнесува 100 денари и минималниот износ за дополнување при купување е 300 денари. Износот за секое наредно надополнување не може да биде помал од 300 денари.
Цената на еден уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) изнесува 1.200 денари и минималниот износ за дополнување при купување е 300 денари. Износот за секое наредно надополнување не може да биде помал од 300 денари.
Со секое наредно надополнување на бесконтактните смарт-картички и уредите за електронска наплата на патарина (ТАГ) корисниците добиваат попуст на надополнетиот износ на патарина кој се пресметува при секое поминување на наплатна станица, и тоа:
- 2% за надополнета сума од 301 денар до 10.000 денари,
- 3% за надополнета сума од 10.001 денар до 50.000 денари,
- 5% за надополнета сума од 50.001 денар до 300.000 денари,
- 7% за надополнета сума над 300.001 денар.
Плаќање на билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање
Доколку корисникот на патот не ја плати патарината или на кој било начин одбива да го стори тоа, му се издава билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање во рок од 24 часа од моментот на издавањето (треба да се дополни по 24 часа, доколку не плати).
Билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање се издава на наплатните станици на кои е воведен електронскиот систем за наплата на патарина. Корисниците на патот на кои им е издаден билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање можат истиот да го платат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта, како и во банка.
Плаќање билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање
Печатење билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање:
Kорисникот треба преку интерфон да го повика одговорниот на наплатната станица за да му се издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање кој ќе може подоцна да го плати на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на официјалната веб-страница на Јавното претпријатие за државни патишта, како и во банка.
Кога корисникот сака да го плати билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање, системот автоматски го прикажува износот што треба да се плати, а што е еднаков со цената за патарина при поминување, доколку корисникот го плати надоместокот за патарина во рок од 24 часа.
Корисникот на патот е должен да постапи по примениот налог и да ја исполни обврската за плаќање на издадениот билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање во рок од 24 часа од моментот на приемот на начин наведен во налогот.
Самото издавање на билетот за ненаплатена патарина со налог за плаќање на корисникот на патот се смета како уредна достава и сите понатамошни оштетувања или уништувања на билетот немаат влијание во врска со уредната достава и со тоа не се одлага плаќањето на билетот.
Доколку корисникот на патот не го плати издадениот билет во рокот определен во налогот, ќе му биде издадена фактура за наплата по основа на ненаплатена патарина.
Како корисник на патот кој подлежи на плаќање на издадениот билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање се смета сопственикот на возилото кој е регистриран во евиденцијата што ја води Министерството за внатрешни работи, по регистарски број на возило.
Возила ослободени од плаќање патарина: поминување без плаќање
Возилата ослободени од плаќање патарина согласно членот 66 од Законот за јавните патишта во системот се евидентирани како ослободени од плаќање патарина. На возилата им е дозволено да поминат низ сообраќајната лента преку отчитување на нивните електронски уреди во системот или рачно ќе бидат пропуштени од страна на одговорниот на наплатната станица или од операторот во кабината на сообраќајната лента.
Извор: Факултети.мк