Колекција на автомобилски „ѕверови“ оди на аукција
Вредна колекција на суперавтомобили од потпретседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодорин Обијанг, ќе оди на аукција преку аукциската куќа Bonhams
Колекцијата на автомобили вклучува od хиперавтомобили и лимузини, вклучително од Maserati, Mercedes-Maybach и Porsche, до раритети како Aston Martin One-77, Bugatti Veyron, Ferrari LaFerrari, Koenigsegg One:1, Lamborghini Veneno Roadster и McLaren P1, како и Ferrari Enzo, LaFerrari, F12 TDF
Оваа вредна автомобилска колекција му припаѓала на потпретседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обијанг, воедно син на претседателот на оваа држава. Автомобилите се конфискувани од швајцарските власти уште во 2016 година поради перење и злоупотреба на државни пари во Екваторијална Гвинеја. Сите запленети возила ќе бидат продадени на аукција преку аукциската куќа Bonhams, а швајцарските власти веќе најавија дека целиот приход од продажбата на автомобилите ќе биде уплатен на хуманитарни организации кои работат во Екваторијална Гвинеја.
Инаку овој „плејбој“ политичар е под истрага и судења за бројни корупциски скандали и во неколку други европски земји.
Теодорин Обијанг е познат по својот расипнички живот. Иако Екваторијална Гвинеја е земја богата со нафта, придобивките од „црното злато“ се во рацете на само неколку луѓе. Според информациите на Обединетите нации, 76% од населението во оваа земја живее во сиромаштија.