Две нови моќни машини од Porsche / ФОТО+ВИДЕО
Производителот од Штутгарт објави фотографии и технички детали за 718 Cayman GT4 и 718 Boxster Spyder
Двата нови Porsche модела позиционо се во врвот од понудата на семејството 718. Нивниот погон е ново развиен 4.0 атмосферски боксер мотор со 6-цилиндри кој испорачува 420 КС (309 kW) при 7.600 вртежи во минута и 420 Nm во опсег од 5000-6.800 вртежи во минута.
Моќта на задние тркала се пренесува преку единствената опција за менувачка кутија односно 6-брзински мануелен менувач, со чија помош двата автомобила од место до стотка забрзуваат за само 4,4 секунди. Porsche 718 Spyder достигнува максимални 301 km/h, додека 718 Cayman GT4 е нешто побрз и може да се развие 304 km / h.
Инженерите на германската компанија се дуетот новитети инсталирале филтер за прочистување на чадните честички. За прв пат се применети и Piezo инјектори, заедно со променлив систем на всмукување. Благодарение на сите технолошки иновации, од Porsche тврдат дека потрошувачка, мерена според WLTP протоколот, е сведена на околу 11 литри на сто километри, што е значително пониско од претходниците, иако тоа не може директно да се спореди поради воведувањето на новите правила односно напуштање на циклусот NEDC. Емисиите на јаглерод диоксид се намалени на ниво од 249 g/km.
GT4 може да се нарача со пакет Clubsport, која додава сет на тркачки седишта, заштитен кафез, сигурносен појас со шест точки на прикачување. Покрај тоа, во двете варијанти се достапни карбон-керамички сопирачки.
718 Boxster Spyder
[useyourdrive dir=”12_FpAQDQFL0Mb4wXvQWo7mfaiwtfjovK” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
718 Cayman GT4
[useyourdrive dir=”1cB4tjduGFLRHQTzJ4dGboRK3FDVoGM2f” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Со такви моќни перформанси, нормално доаѓа и повисока цена. Така, 718 Spyder во Германија чини 93.350 евра, додека 718 Cayman GT4 – 96.206 евра.