Москва е престолнина на еколошкото возење
Додека големите европски градови се борат со закони кои ќе ја ограничат или забранат употребата на возила со дизел мотори, Москва во пракса станува лидер според електрификација на сообраќајот
Имено, челниците на рускиот главен град пред неколку дена ставија во употреба 100 електрични автобуси.
До крајот на годината тие имаат намера оваа бројка да ја зголемат на 400, а целта е зголемување на бројот на еколошки автобуси за 600-800 единици годишно од 2021 година.
Според зборовите на директорот на градскиот сообраќај во Москва, Максим Луксутов, Москва станала град со најмногу електрични автобуси.
Електричните автобуси кои сообраќаат по улиците на Москва имаат места за 85 патници со 27 седишта и се опремени со климатизација, видео надзор, сателитска навигација и USB конектори за полнење мобилни телефони.
Сейчас вылетит птичка! «Иволги», которые будут ходить по МЦД, оснастят камерами видеонаблюдения: https://t.co/MaZluGXKcA#транспорт #МЦД #MosRu pic.twitter.com/bDnrciZsxG
— Москва (@moscow) May 7, 2019