Еден од најскапите автомобили влезе во полициските сили на Абу Даби / ВИДЕО
Арапскиот хиперавтомобил од W Motors во Абу Даби пристигна во 2015 година, но дури оваа година доби официјални ознаки и влезе во гамата на една од технолошки најопремените полициски единици во светот
Lykan Hypersport со ова дефинитивно стана еден од најлудите, но и најскапи полициски автомобили на сите времиња.
Погонот на возилото е 3.7-литарски агрегат со шест-цилиндри од RUF со 740 КС. До „стотка“ стигнува за 2.8 секунди, а максималната брзина е 395 km/h. Од моделот се произведени само 7 примероци, а цената беше 3,4 милиони долари по примерок.