Како се врши crash тест на суперскап автомобил? / ВИДЕО
KOENIGSEGG на crash тест
Тестовите на издржливост при судир само по себе изгледаат навистина болно, меѓутоа кога станува збор за автомобил со вредност од над еден милион евра, како на пример автомобилите во мали серии на производителот Koenigsegg, crash тестовите се уште „поболни“, а да не зборуваме за финансискиот аспект.
Конкретните бројки велат дека е неопходно да се направат минимум 16 тестови за задоволување на формата, а тоа кај модели на автомобили од 25.000 долари во трошоци значи околу 400.000 долари. Во случајот на Koenigsegg такво сценарио би значело уништување на целиот годишен промет и трошоци од 30 милиони американски долари. А тоа е сума која малку кој може да си ја дозволи.
Затоа во Koenigsegg одлучиле да „искршат“ скапоцен модел, но само еден примерок. А потоа да го поправат за да може повторно да го искршат. И така, додека не се исполнат сите услови.
„Поевтино е од почеток да се изработи еден автомобил, потоа да го поправите, а потоа да продолжите да го кршите истиот“, вели Кристијан фон Кенигсег, и продолжува: „Тоа е, се разбира, многу комплицирано, бидејќи се бараат повеќе судири. Но ние тоа го правиме така, а тоа ни штеди време, пари и капацитет“.
И пред да се прејде на реален crash тест, Koenigsegg инженерите вршат голем број на компјутерски симулации и со докажани нумерички методи, за потоа да имаат можност да ги споредат резултатите со реалното тестирање.
Погледнете го видеото во прилог.