
Вака изгледа автомобилски клуч за 500.000 евра / ФОТО+ВИДЕО
Финската компанија Awain претстави ограничена серија на клучеви за суперавтомобили со скапоцени камења. Секоја единица е направена рачно со помош на часовничари и инженери, а најскапиот клуч има цена од 500.000 евра – повеќе од Lamborghini Aventador SVJ Roadster
Основачот и прв човек на Awain – Јалмари Матила е поранешен автомобилски новинар. Никогаш не му се допаѓале стандардните клучеви кои според него изгледале грдо во пар со фините автомобили. Тој побарал помош од дизајнерот Леви Маркули и часовничарот Јоаким Џокел, кои се приклучиле на проектот.
За да се направат клучевите на Awain, се користат скапоцени камења, специјално дрво, природна и скапа кожа и благородни метали. Процесот на производство – од почетокот на дизајнот до финалето е до 300 часа, и сите операции се изведуваат рачно.
Основниот модел Quantum е украсен со 354 брилијанти со вкупна тежина од 3,45 карати (0,69 грама). Средниот е Serenity – со 1.250 камења (4 грама). Нивната цена е 49.000 и 89.000 евра, соодветно.
Најскапата опција е наречена Phantom и чини 500.000 евра. Овој клуч е украсен со скапоцени камења со тежина од 34,5 карати (7,1 грама). Неговото куќиште, како и она на другите клучеви, тежи 175 грама, и е направено од 18 или 24 каратно злато.