Aвтомобили кои се лесен плен за хакерите
Само четири модели успеале да го поминат тестот на Thatcham Research
Системот за бесклучен пристап до автомобилите изгледа привлечно, но исто така може и лесно да се пробие. Статистичките податоци покажуваат дека денес тој не дава никакви значителни предности, и покрај фактот што постојат модели со многу висока заштита од хакирање. За жал, таму каде што има рекордери, секогаш ќе има анти-рекордери.
Британската компанија Thatcham Research тестирала 11 возила со безклучен пристап. Седум од нив не успеале да го поминат тестот и добиле негативни оценки за заштита на возилата – „добро“, „лошо“ и „незадоволително“. Четирите модели кои може да се сметаат за доволно заштитени се Audi e-tron, Mercedes B-Class, Jaguar XE и Range Rover Evoque.
Ford Mondeo
Средно големиот глобален автомобил не се справил со безбедносните тестови и е оценет како „лош“. Интересно, автомобилот, всушност, и не е развиен од Американците, туку главно од германски инженери.
Hyundai Nexo
Експертите го критикувале овој SUV модел, кој, според нив, не е тешко заштитата да му биде пробиена. Сепак, системот за заштита на автомобилот добро се покажал на некои специјални тестови и затоа не е толку безнадежен.
Kia ProCeed
Популарниот Kia ProCeed исто така се нашол на мета на експертите. Според нив, инженерите на Kia треба да посветат поголемо внимание на заштитата на сигналот ако не сакаат да им бидат украдени сите автомобили.
Lexus UX
Под лупа бил ставен и новиот UX. Автомобилот не успеал на поголем дел од тестовите за заштита на далечинското управување, но работите не се толку лоши колку што изгледаат. Во некои тестови, моделот сепак добро се покажал.
Porsche Macan
Тестовите покажале дека безбедносниот систем не е тешко да се заобиколи и да се пресретне сигналот од клучот. Сепак според експертите вкупната оцена е „лоша“. Инженерите имаат на што да работат.
Toyota Corolla Hybrid
За жал наследникот на компактниот автомобил чиј почеток е во далечната 1966 година, „оптоварен“ со висока технологија, неможе да се пофали со добар степен на заштита од хакерство. Оценката е „лоша“
Suzuki Jimny
Единствениот автомобил меѓу сите 11, кој не успеал речиси на сите тестови на експертите од Thatcham Research. Како резултат на тоа, SUV моделот добил најниска оцена – незадоволителен.