Сите нови автомобили во Европа ќе бидат опремени со ограничувач на брзина и други (задолжителни) безбедносни уреди, по одобрувањето на предлогот од страна на Советот на Европа безбеден сообраќај (ETSC)

Според извештајот, сите нови возила ќе бидат опремени со систем наречен ISA (интелигентна засистенција при одржување на брзината), кој ќе ги користи податоците од GPS и системот за препознавање на сообраќајни знаци, со цел ограничување на расположливата сила на моторот, а со тоа и брзината.

Слично на ограничувачите на брзина кој моментално се достапни во автомобилите, овој систем може да се премости со силен притисок врз педалот за гас. Сепак, за разлика од сегашните уреди, „ако возачот неколку секунди продолжи да вози побрзо отколку што е законски дефинирано, системот обезбедува звучно и визуелно предупредување додека брзината не падне во рамките на законските регулативи“, велат од ETSC.

На почетокот овие системи ќе доаѓаат со прекинувач „исклучи-отклучи”, со цел помош за прифаќање од јавноста“, навреме ќе бидат постојано ангажирани.

Задолжителното ограничување на брзината нема да биде единствено, бидејќи тоа ќе доаѓа со многу безбедносни технологии, вклучувајќи ги и водење на евиденција на податоци, автономно сопирање за итни случаи, одржување лента, за откривање замор ккај возачот…

Од ETSC велат дека ограничувачот на брзинате ќа го намали бројот на судири од 30 отсто и ќе спаси 25.000 животи за период поголем од 15 месецо откако стана задолжително.