Како автомобилските технологии не прават поглупави
Мануелниот пренос ја зголемува концентрацијата, велат американските научници
„Денес возејќи го наназад, автомобилот на жена ми го паркирав во гаража. Во еден момент сфатив дека не гледам во ретровизорите, туку очекувам сигнал од системот за помош за паркирање. Проблемот е што стариот автомобил на жена ми не е опремен со такво нешто, така да било каков сигнал нема да слушнам“.
На социјалните мрежи и по автомобилските форуми може да најдете многу приказни од овој вид во кои луѓето се жалат на тоа како се зависници од новите автомобилски технологии и ја губат „будноста“ на пат. Статистиката го следи овој тренд: од 2008 година, бројот на патни возила опремени со систем за асистенција при паркирање, сензори и камери за гледање назад е двојно зголемен. Но, бројот на инциденти во обратните маневри опаднал само 8%. Зошто тогаш таквите корисни технологии не им помагаат автомобилите да станат побезбедни?
Анализите велат дека проблемот е во човечката психа – во тенденцијата да престане да го контролира она што веќе е контролирано од нешто друго. Едноставно кажано – од кога имаме различни помошни системи во автомобилот, почнавме премногу да се потпираме на нив, престанавме сами да контролираме процесот и го „исклучуваме мозокот“. Како резултат на тоа, секој петти возач, „зависник“ од некој асистент систем во автомобилот, барем еднаш доживеал сообраќајна несреќа, токму поради нив.
Човекот безусловно почна да верува во сите овие технологии. Како последица, сето тоа не направи побезгрижни. Само како потсетување дека неколку несреќи минатите години беа токму поради автопилот системот. Истражувањето на причините за овие инциденти покажа дека сите тие се случиле поради колапс во неконтролираниот автопилот.
Човечкиот мозок е неверојатен! Ги филтрира надворешните и непотребни информации. За време на нормалниот процес на возење, тој е во активна состојба, внимателно следејќи ја ситуацијата на патот. Но, веднаш кога ќе се вклучи уред кој има способност да направи нешто за нас во смисол на асистенција, мислите почнуваат да лутаат и животот го оставаме во рацете на технологијата. Се чини дека во овој случај, измислените технологии се свртуваат против нас со тоа што не ја зголемуваат безбедноста, туку, напротив, нè лишуват од претпазливост.
Според група научници од Американскиот универзитет во Вирџинија, овие проблеми можат да бидат лесно решени – со мануелен менувач. Тестовите покажале дека дури и луѓето кои страдаат од пад на концентрацијата, импулсивност, хиперактивност, па дури и ограничена интелигенција, имаат значително подобра концентрација во сообраќајна ситуација кога управуваат со рачен менувач. Тоа е така, бидејќи автомобил со рачно менување на брзинита и педал за куплунг бара лицето зад воланот да ги користи сите четири екстремитети и целосно да го „активира“ неговиот мозок. Токму поради тоа, се намалува одвлекувањето на вниманието, но и можноста за користење на различни системи за време на возењето.
За жал, денес, производството и продажбата на автомобили опремени со рачни менувачи постојано се намалува. Некои автомобилски компании како Audi, на пример, најавија дека целосно ќе престанат со производство во наредните неколку години.