Возилата се претвораат во компјутери и тоа неможе да се промени

Автомобилите сè повеќе наликуваат на подвижни компјутери. Новите технологии треба да ја зголемат безбедноста и комфорот, но исто така вклучуваат и забава за возачите и патниците. Ова се пет нови технологии за кои експертите велат дека ќе најдат место во новите автомобили веќе оваа или во текот на следната година.

Виртуелни совети на шофершајбната

Стаклото пред возачот повеќе не служи само за заштита од ветер и дожд. Постепено се претвора во проекционен екран за информации важни за возачот. Следниот чекор е интеграција на дополнителна реалност која треба да го насочи лицето зад воланот на што треба да го фокусира своето внимание.

На пример, системот ќе „генерира“ нејасните силуети на  пешаци или возила кои го „сечат“ патот, а се делумно скриени од други возила. Овие зони ќе светат црвено за побрзо да го привлечат вниманието на возачот. Покрај тоа, при стоење во место или на паркинг, шофрершајбната ќе стане место на кое ќе се појавуваат текстуални пораки.

Иконите од навигација одат на патот

Спојување на компјутерска анимација со податоци од околината на автомобилот. Оваа можност е веќе достапна во новата Mercedes A-класа. На широк екран на централната конзола се појавуваат слики од камерата, а виртуелните стрелки ја покажуваат насоката на движење на автомобилот.

Виртуелна реалност при паркирање

Истражувачите од Институтот за оптички технологии во Фраунхофер, Германија, работат на систем каде што виртуечната реалност го поддржува паркирањето. Слична технологија веќе се користи во Land Rover при движење по нерамен терен, но таа допрва ќе се развива. Со помош на стерео камери и очила, автомобилите или камионите стануваат транспарентни.

При паркирање, возачот ќе може да ги види сите пречки како тродимензионална слика. Дури и скриените делови практично ќе бидат нацртани од компјутерот кој користи слики од камерата.

Виртуелна реалност за работилници

Во блиска иднина, виртуелната реалност ќе игра важна улога во секојдневната работа на автомобилските сервиси.

Ако механичарот ја насочи камерата на својот смартфон кон моторот на возилото или стави специјални очила, тој ќе гледа тродимензионална слика, па дури и видео од работата на агрегатот. На тој начин механичарот ќе може да го открие потенцијалниот проблем без да мора да ја отстрани единицата. Bosch тврди дека таков систем ќе ја олесни работата и ќе заштеди околу 15% од времето потребно за сервисирање.

Нешто повеќе од патување

Патниците во возилото ќе можат да се преселат во виртуелна реалност. Audi и Mercedes веќе тестираат специјални очила за патниците. Со нив тие можат да се прошетаат со Holoride технологија, веќе прикажана од Audi на Саемот за потрошувачка електроника CES 2019.

Во случајот, виртуелниот свет е синхронизиран со однесувањето на возилото – возачот додава гас и го „забрзува вселенскиот брод“, на пример. Соседните автомобили исто така стануваат вселенски летала, некои се однесуваат пријателски, додека други и не толку….

Експертите се категорични дека слични виртуелни очила на пазарот ќе се појават за најмногу три години, за да понудат забава за патниците додека патуваат. Покрај сè останато, тие ќе имаат и позитивен ефект врз физичката состојба на патниците, бидејќи ќе ги отстранат гадењето и вртоглавица кај оние кој го имаат тој проблем при патување.