Вистински чекор напред

Веројатно и нема подобар начин да се влезе на одреден пазар од освојувањето на титулата автомобил на годината, а токму тоа му успеа во новиот Focus. Минатата недела и официјално беше доделено признанието Автомобил на годината во Македонија за 2019 година за четвртото поколение на Ford Focus.  

Новиот Focus без сомнение e еден од најнапредните автомобили во својот сегмент денес и модел кој нуди цела палета на модерни технологии и опрема веќе од самиот почеток на понудата. Благодарение на македонскиот застапник на Ford, Mi-da Grand Motors, ние имавме интересна неколку дневна дружба со моделот со еден од најнаградуваните погонски агрегати и ниво на опрема Titanium Business.

На почеток…

Некој ќе рече дека тоа е клише. Новиот автомобил е подобар од стариот автомобил. Ова се вести. Особено изненадувачки ако тоа е обратно. Стариот беше подобар од новиот. Се случува. Но, во клучниот С сегмент, ниту еден производител не може да си дозволи такво нешто. Ако сака не само да произведува, туку и да продава автомобили, мора внимателно да ги слуша и клиентите и новинарите, а исто така и сопствените инженери. А во Ford го направиле токму тоа. Новиот Focus е подобар од стариот во секоја категорија што денес им е важна на клиентите.

Дизајн, ергономија, внатрешност

Уште со првите шпионски фотографии од камуфлираниот модел пред официјалната промоција беше јасно дека производителот се движи во насока на поагресивен дизајнерски јазик, но и поаеродинамични линии. Денес нашето мислење е дека новиот Focus e еден од најатрактивните автомобили во C сегментот, познат кај многумина и како Golf сегмент.

Сината металик боја на моделот со кој се дружевме и впечатливо дизајнираните 16-инчни фелни извонредно му прилегаат, додека од предната страна духот на модерната технологија се детектира од светлината на главниот LED состав.

Модерната и атрактивна приказна за екстериерот е прилично добро реплицирана и во внатрешноста. Удобниот и функционален дизајн на интериерот е обогатен со добар избор на материјали чија површина и завршна обработка се навистина за пофалба. На исто ниво е пространоста на салонот (2.700 mm меѓуоскино растојание) и просторот за колена пред задните седишта, што секако е од полза при подолги патувања, за и повозрасни особи да се чувствуваат комотно.

[useyourdrive dir=”1PIhrnc4ECFLNZOhf5UeUkV4EyUCOVjzd” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

 

Сериска опрема и додатоци

Ретко се нуди автомобил со толку пакети на опрема, како што е случајот со новата четврта генерација на Ford Focus. Моделот со кој се дружевме е со пакет на опрема Titanium Bussiness што е некаде во средината на листата на цени.

Модерното живеење значи и целосна поврзаност на паметните телефони и автомобилот, затоа bluetooth конекцијата е стандарден дел за спојување со системот за комуникација и забава од последната генерација наречен SYNC 3. Управувањето се одвива преку 8-инчен колор екран осетлив на допир со навигација, кој е компатибилен со опреативните системи на Apple Car Play и Android Auto.

Focus во новата генерација воведува поширок спектар на напредни функции од било кој друг автомобил на Ford досега. Новоразвиените технологии кои компанијата ги има вградено ја подобруваат заштитата, управувањето и паркирањето, воедно и возењето поудобно, полесно и побезбедно.

Интересните детали од сериската опрема подразбираат PCA (PreCollision Assist  – систем за препознавање на пречки, пешаци и велосипедисти со самостојно сопирање), 6 воздушни перничиња, PCB (Post Impact Braking – систем за автоматско сопирање по судир ), Active Park Assist – систем за активна помош при паркирање, FCW (Forward Collision Warning – систем за предупредување за челен судир), ESP (систем против пролизгување), Hill-Holder (помош при тргање по нагорнини), систем за следење на лентата на движење…

Покрај тоа, тука е влегувањето во возилото и стартување на моторот без употреба на клуч, предни LED светла, предни светла за магла со функција следење на свиоците, електронски преклопливи ретровизори, двозонска автоматска контрола на климата, лумбарна подршка на возачкото и совозачкото седиште, амбиентално осветлување…

[useyourdrive dir=”1VjzEaAbix2jNyUvEXJCOD1WwCPktI_9N” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Мотор и пренос

Повеќе пати наградуваниот 3-цилиндерски бензински турбо се наоѓа под предниот капак на Ford Focus 1.0 EcoBoost Titanium Business. Станува збор за 12V мотор опремен со цела низа напредни технологии, како што се променливо управување со брегаста осовина, Continental турбополнач со RAAX технологија или директно вбризгување на горивото. Се заедно, е погонски мотор кој во нашиот случај развива 125 КС и 170-200 Nm вртежен момент

Моторизацијата е пред се за градско возење, каде и ја покажува својата најдобра страна. За таа цел, тестираниот Focus е доволно динамичен, а потрошувачката на гориво не ги надминува премногу фабричките вредности.

Поточно, 7.0 l / 100 km при градско возење, што не е многу далеку од фабрички декларираните 6.2 l / 100 km. На отворен пат, фабричката вредност од 4,5 се претвора во 5.8 l / 100 km, а вреди да се напомене дека овој мал бензинец има скромна емисија на CO2 од 114 g/km.

Погонскиот агрегат работи без вибрации и мирено, а одзивот на педалата за гас за забрзување е моментална. Што се однесува до перформансите, забрзувањето од место до стотка трае точно 10 секунди, а стрелката на брзиномерот може да се искачи до максимални 200 km/h. Во константна спрега со моторната единица работи мануелната менувачка кутија со 6 брзини која се одликува со прецизност и одлично пресметан од помеѓу степените на пренос.

Зад управувачот

Според нас, новиот Focus е навистина добар. Без разлика дали станува збор за удобни, загреани седишта, или удобниот за рака управувач, се чини сè е навистина на свое место.

Првенствено градски автомобил, Focus 1.0 EcoBoost и не треба да се фали со некоја посебна управливост која сепак ја има. Сè е на ниво на задачата, стабилно, без изненадувања, дури и на полош пат, кој барем кај нас не недостасуваат.

Ефективните сопирачки и широкиот спектар на електронски системи за поддршка на возачот го прават овој автомобил толку сигурен што понекогаш ќе почувствувате дека е најпаметно управувањето до целта едноставно да му го препуштите на возилото. Се разбира, секогаш постои нешто што може да биде подобро.

 

Цената на моделот со кој се дружевме е 23.900 евра. За повеќе имформации и за цените на останатите варијанти и нивоа на опрема, ќе ве упатиме во Mi-da Grand Motors.