Автомобили од различни класи на „состанок“ на патека

YouTube каналот Lovecars организирал масовна трка на забрзување со 30 автомобили. Меѓу нив има модерни суперавтомобили, класични и ретро машини, па дури и кабриолет возила.

Трката се одржала на аеродромот Дансфолд во Велика Британија, каде што се наоѓа и тест патеката на Top Gear. Поројниот дожд е причина за сосема непредвидливи резултати, бидејќи дел од автомобилите не се опремени со систем за погон на сите четири тркала.

Поради лошото време некои од предвидени стартови и не биле спроведени поради големото количество на вода на патеката што било причина и за неколку излетувања од патеката.

Погледнете го видеото!