Патент: Ако седнете пијан зад воланот, автомобилот нема да се стартува и сам ќе ја повика полицијата!
Кога ќе седнете во автомобилот, компјутерот детално ќе ве проучи – ако смета дека не сте способни да управувате со возилото, бидејќи сте уморни, под голем стрес или под дејство на алкохол, може да не дозволи стартување на моторот и ќе биде во можност да ја повика полицијата
Алкохолот или возењето под дејство на алкохол е честа причина за сообраќајни незгоди и трагедии, а патентот кој го пријавил Huawei во иднина би можел да го реши овој проблем.
Според овој патент, возилото со помош на камери и сензори, а благодарение на технологијата на учење на компјутерот, би можело да препознае дека нешто не е во ред со возачот, односно дали тој е уморен, под стрес или под дејство на алкохол. Но, тоа не е се, затоа што автомобилот би можел дури и да разговара со возачот, односно компјутерот би му поставил неколку прашања и врз основа на одговорит би заклучил дали возачот е во состојба да управува со возилото. Ако компјутерот заклучи дека возачот е пијан и не може да се справи со автомобилот, може да ги заклучи контролите и автомобилот нема да може да се стартува, а дури би можел и да ја повика полицијата.
Исто така, системот ќе може да препознае и шишиња од алкохол, дрога и оружје во автомобилот, па и тие информации би биле корисни при одлучувањето дали да му дозволи на возачот да управува со возилото.
Овој патент на Huawei се однесува првенствено на автономни возила, или автомобили и други превозни средства кои се управуваат со компјутери, но во кои и понатаму уште долго време ќе седат возачи кои треба да бидат подготвени да ја преземат контролата над возилото во случај на проблеми со компјутерот – во такви ситуации, возачите се разбира, ќе мора да бидат трезвени. Се разбира, таквата или слична технологија може да се приклучи и во класичните автомобили со кои ќе управуваат само луѓе и можат да спасат многу човечки животи и да ја намалат материјалната штета.
Но тука се поставува и едно друго прашање. Постојан надзор на возачите во возилата носи ризик од нарушување на приватноста, бидејќи компјутерите постојано ќе ги следат луѓето и нивното однесување во автомобилот, местата каде застануваат и излегуваат од возилото и слично, што секако може да се смета за нарушување на приватноста.
Дали патентот ќе најде примена или не, останува да се види, но секако е интересно да се види како технолошките гиганти размислуваат за зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на несреќи и жртви.