Дали би платиле 280 евра за „смајли“ на регистерксата табличка?
Ако ви недостасува креативност при персонализација на регистерската табличка, наскоро ќе може да се ставаат „емотикони“ како оние што се користат при допишување со паметните телефони
За жал, а можеби и за среќа, оваа можност се однесува за Австралија, односно австралиската држава Квинсленд.
Според BBC, од 1 март, возачите во Квинсленд ќе можат да додадат еден од петте понудени „емотикони“ до бројките и буквите на регистарските таблички на нивните возила.
Се разбира, „емотиконите“ нема да бидат дел од официјалната регистрација, туку ќе служат само како декорација, покрај максимум пет карактери – три букви и два броја.
Австралиската национална асоцијација за автомобили ниту до сега не била премногу конзервативна зборувајќи за нови трендови, бидејќи возачите и досега можеле да го додадат логото на својот омилен клуб или својата компанија.
Реакциите на социјалните мрежи се поделени, некои со возбуда ја поздравуваат одлуката на државата Квинсленд, додека други се лути, а за трети, оваа вест е само забава.
Се разбира, поединци забележуваат дека државата, пред се, ова го прави за профит, бидејќи овој тип на персонализација нема да биде многу евтин. Возачите кои сакаат да додадат „емотикон“, ќе мора да платат 450 австралиски долари, што е околу 283 евра.