Во тешката несреќа во Мисури има и еден загинат

Мразот и лошата видливост се причина за големиот број на инциденти на територијата на САД во текот на изминатиот викенд. „Рекордот“ по несреќи е во Мисури, каде што само во текот на викендот поради лошото време се случиле 729 несреќи на патот.

Најтешката несреќа се случила на патот I-70 во близина на Оук Гроув. Според полицискиот извештај, во инцидентот учествувале 47 возила, има 10-ина повредени, а за жал еден од возачите поради тешки повреди им подлегнал на повредите.