По 5-годишно истражување во пет европски земји, резултатите се доста интересни

Одржувањето на електричните автомобили е многу поевтино од бензинците или дизелите. Ова е докажано со студија спроведена во пет европски земји. За 5 години, научниците ја проучувале работата на електричниот VW Golf. На крајот, тие велат дека одржувањето на електричниот или хибридниот модел на германскиот бренд за овој период чини поевтино од бензинската верзија.

Забележано е дека во петте анкетирани земји, Франција, Германија, Норвешка, Холандија и Велика Британија, трошоците за електичниот Golf се пониски ако се земат предвид основната цена на автомобилот, како и патните и даночните трошоци.

Во исто време, Меѓународниот совет за чист транспорт нагласува дека намалувањата на даноците ќе го поттикнат купувањето на автомобили со нулта емисија. На пример, во Франција, Германија и Велика Британија, трошоците за поседување електричен автомобил се многу пониски благодарение на бонусните шеми – 6.000 евра во Франција, 4.380 евра во Германија и 5.100 евра во Велика Британија. Покрај тоа, во Германија и во Обединетото Кралство има дополнителни намалувања на цената за купување на хибриди – односно 3.285 и 2.800 евра.

На прв поглед, ова покажува дека шемата со стимулативни бонуси е клучот за промовирање на електричните возила. Во Холандија и Норвешка, сепак, не постојат такви шеми, но овие земји имаат висока стапка на данок на возила со висока емисија. Минатата година една третина од новите автомобили што се продаваат во Норвешка биле електрични.