Ford објави фотографии и технички детали за спортската ST верзија на новиот Focus

Со оглед на многуте шпионски слики на интернет, дизајнот и не беше некоја тајна. Најголемата вест е воведувањето на 4-цилиндерски 2.3-литарски EcoBoost турбо бензински мотор кој доаѓа како замена за претходниот 2.0-литарски бензински мотор. Новиот погон произведува 280 КС при 5.500 вртежи во минута и развива 420 Nm максимален вртежен момент од 3.000-4.000 вртежи во минута. Како што пресметале во Ford, станува збор за 12% повеќе моќ и 17% вртежен момент во споредба со неговиот претходник.

Производителот наведува дека новиот Focus ST од 0-100 km/h забрзува за помалку од 6 секунди без наведување на точното време.

За прв пат, Ford Focus ST е опремен со електронски диференцијал со ограничено пролизгување (eLSD), кој обезбедува подобра контрола и стабилност на автомобилот, а возачот може да избере еден од предефинираните режими на возење вклучувајќи ги „спорт“ и „тркачкиот“ мод.

За оние кои преферираат дизел мотор, Ford има верзија со четири цилиндри и 2.0-литарски турбо мотор EcoBlue. Оваа единица испорачува 190 КС при 3.500 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент е 400 Nm и достапен помеѓу 2.000-3.000 вртежи во минута.

Двете погонски единици се стандардно спарени со 6-брзински мануелен менувач или опционален 7-брзински автоматик. Автоматскиот менувач доаѓа со мануелни рачки за промена на „брзината“ на воланот.

Новиот Focus ST пред публика ќе дебитира на претстојниот саем во Женева, а ќе биде достапен во верзии со пет врати, хечбек, како и караван верзија.

Продажбата во Европа започнува ова лето, а цените сеуште не се објавени.

https://youtu.be/EqGiTaUWrto