Легендарниот Ford Mustang се почесто се наведува како еден од класиците кој што се подготвува за нова епоха во автомобилската индустрија

Кон ова се придружуваат и Русите, поточно компанијата Aviar Motors од Москва, која, наводно, пак од друга руска компанија нарачала развој на овој навистина посебен Mustang. Освен што надворeшно автомобилот е целосно во согласност со оригиналот под хаубата има електричен погон. Два електрични мотори даваат максимална моќност од 840 КС и 967 Nm вртежен момент, така што овој Mustang сега наречен R67 има погон на сите тркала.

Сето ова значи исклучителни перформанси: 2,2 секунди за спринт до 100 km/h и максимални 250 km/h. Вградените батерии се со капацитет од 100 kWh, па со едно полнење автомобилот може да помине до 507 km.

Поставен на 20-инчни тркала, R67 го поседува само најдоброто од светот на автомобилите, од адаптивната суспензија до дигитален кокпит. Внатрешноста пак многу потсетува на Tesla Model S. Цената е, наводно, околу 400.000 евра.