Како да добиете поволна цена за автомобил на старо
Трговијата со автомобили е занает кој не го знае секој. За да продавате автомобили, дефинитивно треба талент, но праксата покажува дека секој може да се испазари за пониска цена, под услов да знае како тоа да го направи
Во продолжение неколку совети кои можат да ви помогнат да добиете попуст за автомобилот на кој сте му фрлиле око.
Прво треба да се нагласи дека во случајот не станува збор за автомобил кој сакате да го купите поевтино, а веднаш потоа да го препродадете. Во нашиот случај идејата е постигнување на најниска можна цена, без да се обрне особено внимание на најважното – состојбата на возилото.
СЕГА И ОДМА
Еден од најдобрите начини да добиете добра цена е кога ќе појдете да пазарите автомобил, да тргнете со парите во џеб. Ова покажува дека сте подготвени веднаш да го купите автомобилот, што предизвикува сериозен притисок врз продавачот. За продавачот е многу полесно да направи отстапка во цената отколку да го покажува автомобилот уште една недела, месец…
Во исто време, таквата позиција е подобна и за купувачот, бидејќи добрите автомобили се продаваат брзо. Ако се мислите премногу долго, автомобилот едноставно исчезнува од пазарот. Малку е веројатно дека некој ќе ве чека да се консултирате со вашата жена или да барате позајмени пари.
Ако не ја носите целата сума, оставете депозит на продавачот и договорете доплата веќе следниот ден, на пример. Во овој случај, задолжително склучете договор за да не останете, народски кажано, со прстот во уста, било поради измама, или поради тоа што во меѓувреме продавачот се предомислил и добил подобра цена.
ЦЕЛОСНА ДИЈАГНОСТИКА
Секој автомобил од втора рака има некои недостатоци кои купувачот може да ги искористи. За таа цел потребно е автомобилот да се однесе во сервис, каде што можете да добиете целосна дијагностика за која вие ќе платите, и со тоа подетални информации за неговата севкупна состојба.
Со ваков пристап, прво, ќе имате аргументи за евентуално намалување на цената и како второ – на продавачот ќе му дадете до знаење дека сте сериозен купувач, бидејќи веќе сте потрошиле одреден износ за проверка на возилото. Патем, истиот износ, исто така, може да се одземе од цената на можниот договор.
ЗБЛИЖУВАЊЕ СО ПРОДАВАЧОТ ПРЕКУ КОМУНИКАЦИЈА
Многумина го игнорираат овој метод, но често функционира и е одличен. Само насмевка и добра намера, без премногу смеење, пазарење… Разговарајте со продавачот, кажете му за себе и обидете се да воспоставите конекција. Можеби ви делува чудно, но човечките ставови честопати знаат многу да помагаат.
ВНАТРЕШЕН ЧОВЕК
Ако имате свој близок човек во салонот, авто плацот… каде што се продаваат користени автомобили, дефинитивно шансите да наидете на добар автомобил по поволна цена се доста големи. Најдобрите автомобили често одат кај најблиските – вработените, роднините, пријателите или добрите клиенти.
Во такви случаи, не треба да давате пари за дијагностика, бидејќи вашиот човек скоро сигурно не ве лаже и знае што ви препорачува. Меѓу другото, во вакви слични случаи продавачот знае дека сте подготвени да купите автомобил веднаш, а тоа секако ви помага да се постигне пониска цена.
ДИРЕКТНО ПРАШАЊЕ
Понекогаш најсоодветен е директниот пристап. Прашајте го продавачот директно „За колку сте подготвени да го продадете автомобилот?“ Слични прашања понекогаш делуваат обесхрабрувачки и може да ви бидат од корист. Едноставно, продавачот секогаш има бариера под која нема да се спушти. Губење време е да се пазарите, а на крајот да добиете цона која е минимално пониска.