Активистите на германското движење за помош на природата (DUH), се залагаат за воведување на сообраќајни прописи со кои максималната брзина на возилата на локалните патишта ќе биде ограничена на 120 km/h

Главната цел кој би се постигнала со оваа регулатива, секако, е заштита на природата, изјави во Берлин, извршниот директор на DUH, Јирген Реш. Логиката е јасна: при помали брзини, автомобилите трошат помало количество на гориво, а со тоа се намалува емисијата на штетниот јаглерод диоксид во атмосферата.

Ако предлогот на DUH биде усвоен од страна на властите, или ако барем активистите добијат уверување за промена на прописите во иднина, ќе се откажат од тужба, додава Реш.

Еколозите ја нагласуваат важноста на институционалниот притисок на производителите на автомобили, кои би добиле време возилата во понудата да ги направат полесни и поекономични. Ефектот не би се гледал само преку подобрување на енергетската ефикасност, туку би биле потребни значително помалку суровини за производство на таквите автомобили, во споредба со денес, што пак значи пониски нивоа на штетни емисии на CO2.

Последните иницијативи на еколошките активисти наидуваат на жесток отпор во автомобилската индустрија, чии претставници се сомневаат во непрофитната ориентација на DUH.

Тука треба да се додаде дека DUH го доживеа и првиот пораз, бидејќи деновиве судот во Франкфурт одлучи дека градските власти не треба да воведуваат забрана за движење на дизел возилата кои не го исполнуваат стандардот Euro 5, почнувајќи од февруари 2019 година.