Компанијата која може да донесе вистинско освежување во понудата на електрични возила го претстави SUV моделот R1S со три реда седишта

Rivian на тековниот саем во Лос Анџелес изложува два електрични прототипа – пикап со пет седишта и SUV со седум седишта.

За пикап моделот веќе информиравме, а сега и за другиот новитет.

Rivian R1S дели стилски детали со веќе споменатиот пикап, па затоа двете возила имаат речиси идентичен дизајн до „С“ столбот, каде кај пикапот започнува отворениот товарен простор, додека кај SUV моделот патничкиот дек.

Како и пикапот, и SUV моделот ќе биде достапен во неколку конфигурации на погонски батерии и моќност на моторот. Основниот модел ќе има батерија со капацитет од 105 kWh и четири електрични мотори – по еден за секое тркало.

Во оваа конфигурација, вкупната комбинирана моќност е 408 КС (300 kW), а максималниот вртежен момент 560 Nm. SUV моделот од 0-96 km/h забрзува за 4,9 секунди, а максималната брзина е 201 km/h. Автономијата со целосно наполнети батерии е 386 километри.

Средниот пакет нуди батерија од 135 kWh и електрични мотори кои испорачуваат вкупно 764 КС (562 kW), односно 1.120 Nm. Забрзувањето од 0-96 km/h се постигнува за 3 секунди, а максималната брзина е идентична со основниот модел. Автономијата во возење е 498 km/h.

Во врвот од понудата е варијанта со батерии со капацитет од 180 kWh. Оваа верзија доаѓа во конфигурација со пет седишта и малку пониска моќност 709 КС (522 kW), додека максималниот вртежен момент е ист (1.120 Nm).

При забрзување 0-96 km/h автомобилот е побавен за 0,2 од средната варијанта, но затоа има автономија во возење од 659 километри.

Од Rivian велат дека и SUV и пикап моделот, во продажните салони ќе се најдат до крајот на 2020 година, по малопродажна цена од 65.000 долари (кога ќе се пресметаат државните субвенции за еколошки возила).