Сопствениците на новата генерација на популарниот електричен модел Nissan Leaf ќе можат да профитираат од електрична енергија

Благодарение на протоколот V2g (vehicle to grid), сопствениците на Leaf ќе можат да го полнат автомобилот ноќе на поевтина тарифа на електрична енергија, а преку ден кога побарувачката и цената се повисоки, за да ја вратат во мрежата.

Оваа технологија прво ќе ја добијат сопствениците на Leaf во Германија, првенствено флотните корисници со повеќе од 60 електрични автомобили во нивната флота, а подоцна пристап ќе добијат и малите корисници.

Во зависност од потребата за автомобилот, сопствениците на Leaf теоретски ќе може да се возат речиси бесплатно, бидејќи откуната цена на електричната енергија треба да ја покрие разликата помеѓу потрошената и продадена електрична енергија.

Електричните возила на Nissan го користат CHAdeMO стандардот за полнење, додека европските производители на автомобили преферираат CCS (Combined Charging System).

Со оглед на зголемената популарност на електричните возила и експлозивниот раст на овој пазар, во блиска иднина се очекува стандардизација на еден тип на полнач, иако CCS е веќе сега способен за протоколот V2G.