Легализацијата на марихуана го зголемува бројот на сообраќајни незгоди
Пред неколку дена марихуаната е легализирана и во Канада, a додека трае полемиката околу тоа дали тоа е добро или лошо за општеството, што се однесува до сообраќајот се е повеќе од јасно
Според истражувањето на Независната агенција за безбедност во сообраќајот (IIHS) и Институтот HLDI, податоците покажуваат дека во државите во САД, каде што марихуаната е легализирана, сообраќајните несреќи се почести отколку во земјите каде што овој опиат е сè уште нелегален.
Во две одделни студии спроведени во периодот 2012-2017, фокусот е ставен на податоци собрани од осигурителни компании.
Првото истражување го проучувало нивото на учество на осигурените возила во сообраќајни несреќи, а другиот дел несреќите во кои полицијата пријавила употреба на марихуана.
Во првата студија, резултатите покажуваат дека по легализацијата на марихуаната, сообраќајни несреќи пораснале за околу шест проценти во Колорадо, Орегон, Невада и Вашингтон, а за споредба се земени соседните сојузни држави кои ја забрануваат употребата на марихуаната – Ајдахо, Монтана, Јута и Вајоминг.
Во другата студија, полицијата во Колорадо, Орегон и Вашингтон пријавила дури 5,2% повеќе несреќи на милион инциденти во споредба со соседните земји.
Двете студии во предвид ги земаат демографските разлики, податоци за вработување, како и временските услови во периодот.
Со оглед на тоа дека марихуаната влијае на однесувањето на возачот зад воланот, нејзината консумација несомнено треба да биде третирана како возење под дејство на алкохол.