Suzuki ова лето ја престави рестилизираната Vitara со нов мотор, а пред почетокот на продажбата на европскиот пазар, јапонскиот производител објави нови фотографии и технички детали на моделот

Актуелната генерација на Vitara е „освежена“ и однадвор и однатре. Редизајнот на надворешноста вклучува редизајнирана предна маска, модифицирани браници, нови задни светла и две нови бои во палетата.

Јапонскиот производител ја променил и таблата со инструменти, која сега има централен екран во боја. Покрај тоа, Vitara за 2019 година има нови, меки материјали во внатрешноста.

Збогатена е моторизацијата, со воведувањето на новиот 1.4-литарски турбо бензинец земен од Suzuki S-Cross, кој го заменува постоечкиот атмосферски 1.6-литарски мотор.

Основната верзија како погон користи 1.0 литарски три-цилиндерски турбо бензински мотор со 110 КС. Споменатата 1.4-литарска единица испорачува 140 КС и 220 Nm вртежен момент достапен на 1500-4000 врт / мин.

За дизели засега нема информации.

Suzuki AllGrip погонот на сите тркала е достапен и во двете верзии на моторот.

Според фабричките податоци, најекономичниот модел со 1.0 турбо бензински мотор, погон на предните тркала и рачен менувач во просек троши 5.3 l / 100 km и испушта 121 g CO2 / km.

Vitara е подобрена и во однос на безбедносните асистент системи. Така, системот Radar Brake Support (RBS) од претходната верзија на овој модел е заменет со поновиот Dual Sensor Brake Support (DSBS).

Додека RBS се потпира само на работата на радарот, DSBS употребува и специјална камера, како и ласерски радар (MFL). Новиот систем добил и функција за откривање на пешаци на патот, а покрај тоа вклучува и спречување на несакано напуштање на лентата по која се движи возилото, функција за читање на сообраќајните знаци, идентификација и предупредување за други возила во мртвиот агол и предупредување за возилата кои доаѓаат од страна и зад автомобили.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”18ZHp6xy4-E1iF4VpjTpxhO1HvQNnFy-2″ mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ previewinline=”0″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Vitara за моделната 2019 година е веќе на располагање на некои пазари во Европа, а во Германија се продава по цена од 18.650 евра.

https://www.youtube.com/watch?v=XguAIjHQA0E