Volvo веќе одамна има раскрстено со концептот на активно возење и сега крајното задоволство во возењето го гледа во автономните системи за управување и многу компјутерска поддршка

Шведската компанија го претстави 360C, концепт на автомобил од иднината, кој на најпрактичен начин ги поврзува двата најважни денешни трендови, електричен погон и автономно возење. Volvo не дава информации за можностите на електричниот погон, но затоа дава до знаење дека автономниот систем е највисоко, петто ниво. Во превод, ова значи дека патниците во 360c независно од дестинацијата се возат целосно самостојно, и притоа нечујно.

Кабинскиот простор нуди четири конфигурации, од класичен простор за спиење преку мобилна канцеларија и дневна соба до забавен простор.

Volvo 360c е најдобриот доказ за длабоките, во корен, промени во личниот транспорт, па дури и во самиот концепт на автомобил. Во Volvo со ова „пукаат“ на сосема нова клиентела, особено на оние кои за своите бизнис активности користат авионски превоз за заштеда на време.

;