Renault Arkana официјално претставен на Московскиот саем за автомобили / ФОТО+ВИДЕО
Renault на светот му го престави својот нов модел од сегмент кој претходно ги пополнуваа само модели на премиум производителите
Името на новиот купе кросовер веќе е познато од порано, Arkana, а првото соочување со публиката го имаше на Московскиот саем за автомобили.
Производството на новиот модел ќе се одвива во фабриката на Renault во Москва, а Arkana сега станува модел предводник на француски бренд во Русија, на чија територија продажбата започнува следната година. По Русија, Arkana ќе стане достапен во Азија, а потоа и на други глобални пазари, со исклучок на европските, според сегашните најави на производителот.
Arkana припаѓа на С-сегмент со повисока позиција за седење, со специфичен стајлинг на кросовер, а може да транспортира до пет патници. Шефот на дизајн на Renault, Лоренс ван ден Екер, вели дека новиот купе кросовер „демонстрира баланс помеѓу елеганцијата на седан и моќниот впечаток на кросовер“.
Производителот не откри никакви информации во врска со погонските агрегати, но се знае дека во понуда ќе се најде единица која досега не била во понудата на рускиот пазар. Renault Arkana ќе почива на преработена верзија на ВО платформата, на кој се наоѓаат Dacia Duster, и Kaptur, кој претставува малку зголемена верзија на европскиот Captur.
Arkana е првиот чекор во реализација на инвестиционите планови на Renault групата, а кој се однесуваат на Руската Федерација, која е дел од долгорочен план, кој предвидува продажба на пет милиони возила со ознаки на францускиот бренд, до 2022 година. За францускиот производител, Русија е втор најважен пазар веднаш зад домашниот. Причината за ова секако е мнозинскиот удел во локалниот производител Avtovaz, кој Renault го има во своето портфолио на инвестиции.
Брендовите под контрола на француската група имаат многу значаен удел на пазарот во Русија, 28%. Преведено во апсолутна бројка на продадени возила, станува збор за 448.270 возила во текот на претходната година.
Lada има најголем придонес во овој резултат, бидејќи само оваа марка се гледа одделно, дури 19,5%. Следи Renault со учество од 8,5%.
Продажбата на Групацијата Renault на рускиот пазар бележи повисока стапка на раст од просекот или 16,9%.