Голема и одлична вест за сите гејмери, особено оние кои ги сакаат возачките симулации: The Grand Tour се враќа на малите екрани и добива соодветна игра за playstation

Првите информации говорат дека играта ќе биде достапна исклучиво за PS4 и Xbox конзолите за игри, а со содржината ќе ја следи целата сезона. Играта ќе излегува епизодично и секоја недела ќе има соодветно продолжение. На секој корисник ќе му биде овозможено да ужива во една од улогите на главните протагонисти на серијата. Овозможено ќе биде и играње во multyplayer мод, до четири играчи.

„Ако отсекогаш сте сакале да дојдете на патот со нас, ова е најблизу што некогаш ќе го добиете. Освен ако не го киднапирате Џејмс и му го украдете лицето“, со насмевка вели Џереми Кларксон, првата ѕвезда на шоуто.