Еве зошто промената на масло на Veyron чини „куп“ пари / ВИДЕО
Веројатно претпоставувате дека трошоците за сервисно одржување на хиперавтомобил, како на пример Bugatti Veyron, се огромни
И да во право сте. Кога ќе се соберат издатоците за редовно одржување, гуми и сите пратечки трошоци по километар, тогаш ќе се добие сума многу блиска до онаа за одржување на пример на еден рели автомобил, па затоа воопшто не е чудно што многу сопственици понекогаш се обидуваат нешто од редовниот сервис да направат во „домашни“ услови.
Промената на маслото, веројатно е првото нешто што некој би се обидел да го направи дома. Особено кога овластениот сервис таа „банална“ работа ја наплаќа неверојатни 21.000 долари. А проблемот за толку високата цена не е само скапата течност, туку што промената трае неверојатни 27 часа. Да, со цел да се дојде до срцето на автомобилот потребно да расклопите половина од автомобилот. И кога сè е конечно отстрането, пред вас има точно 16 излезни точки. И сите 16 треба да бидат отворени за да се испуштаат повеќе од 17 литри масло. Уште покомплицирано е долевањет на масло бидејќи треба да се отстрани целиот покрив на автомобилот, односно задниот одбојник, капакот на моторот и активен спојлер.
За да се уверите како сето тоа изгледа во пракса, се погрижиле момците од Royal Exotic Cars кои имаат одлична опрема и решиле да го направат ова за својот газда.
<iframe width=”700″ height=”394″ src=”https://www.youtube.com/embed/sKobwz7wJso” frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>