Владата на Германија одобри тестирање на летачки автомобили во нејзиниот воздушен простор
Германската влада на Audi и Airbus им одобрила тестирање на прототип на летечки такси автомобил во воздушниот простор во Инголштад
Двете компании веќе го претставија својот заеднички концепт на летечко такси Pop.Up Next со две седишта кој користи погонски систем базиран на потисок, како и кај дроновите.
Ако тестовите бидат успешни, летечкото такси може да го реши проблемот со густ сообраќак на германските патишта и да отклучи нова гранка на високотехнолошката индустрија.
„Летечкото такси повеќе не е визија, туку може да не однесе во една нова димензија на движење. Тоа е огромна можност за компаниите и младите стартап компании, кои веќе ја развиваат оваа технологија, многу конкретно и ефикасно“, вели Министерот за транспорт во владата на Германија, Андреас Шојер.
Концептот Pop.Up Next го придвижуваат четири големи модули со по осум пропелери, а секоја елиса е управувана од електромотор од 20 kW (27 КС), кој се напојува со батерија од 70 kWh.
Вкупно, четирите модули имаат 160 kW (117 КС), што овозможува брзина од 120 km/h. Максималниот опсег е 50 километри, по што е потребно слетување и полнење на батеријата во временски период од 15 минути.
Се разбира, Audi не е единствениот производител на автомобили кој инвестира во овој тип на технологија. Daimler веќе ги здружи силите со германскиот стартап Inter Crop кој го изгради електричниот хеликоптер налик на дрон и наречен Velocopter.
Во меѓувреме, во ноември минатата година, кинескиот Geely, сопственик на Volvo, ја купи американската компанија Terrafugia, која развива летечки автомобил.