Несреќата на Хамонд ја подигнала продажбата на Rimac / ВИДЕО
Хрватскиот Rimac добил три нарачки за својот суперспортски електричен модел на истиот ден кога британскиот водител доживеа несреќа во Швајцарија
Речиси пред една година, на 10 јуни 2017 година, Ричард Хамонд имаше несреќа на снимањето на телевизиското шоу Grand Tour, кога ја изгуби контролата на електричниот спортски автомобил Rimac Concept One. Возилото излета од патот, се преврте и запали, а Хамонд за среќа се извлече само со повредена нога.
Тоа беше тежок ден за популарниот британски водитеч, како и за целиот тим на Grand Tour, но се покажало дека хрватскиот производител на електрични суперспортски автомобили остварил профит од сето тоа.
Имено, според директорот на продажба на Rimac, Крешо Ѓориќ, несреќата во Швајцарија е „најдобрата реклама досега“, бидејќи на истиот ден пристигнале 3 нарачки за Concept One, автомобил во вредност од скоро еден милион евра.
Во интервју за изданието Autocar, Кориќ вели дека несреќата е навистина била многу сериозна и страшна и дека во компанијата сите биле загрижени.
„Сè можеше да се заврши и поинаку, па на крајот, сите да бидеме принудени да бараме нова работа“, признава шефот на продажба во Rimac.