Автомобилите на кралската свадба / ФОТО
Во саботата, во Англија, но и во поголемиот дел од светот, кралската свадба беше во центарот на вниманието. Се разбира, таков настан не може да пројде без уникатни автомобили
Во главната улога се најде Rolls-Royce Phantom IV од 1950 година, во кој новата Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, пристигна на венчавката со принцот Хари. Овој автомобил е направен специјално за сегашната кралица Елизабета Втора, кога била принцеза. Ова е првиот Rolls-Royce во сопственост на кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип. Пред новата принцеза, автомобилот бил користен и од страна на Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, на свадбата со принцот Вилијам во 2011 година.
Rolls-Royce Phantom IV е само еден од 18-те автомобили на Rolls-Royce направени во периодот од 1950 до 1956 година, сите за оние што сопствениците на компанијата ги сметале за достојни за нив. Во моментов е познато дека има само 16 примероци од Phantom IV, вклучувајќи го и оној кој ја имаше главната улога на свадбата. Останатите 15 може да се најдат во музеи и други јавни или приватни колекции.
Освен Rolls-Royce, кралската свадба ја обележаа уште неколку луксузни автомобили.
Пред сè, државничкиот Bentley од 2002 година, еден од само два произведени, во кој на свадбата пристигнаа кралицата Елизабета и принцот Филип. Интересно, моторот се напојува со био-гориво.
Принцезата Кејт Мидлтон, Војводката од Кембриџ, во замокот Виндзор пристигна во класичниот Daimler DS 420s. Оваа лимузина во кралска употреба е од 1992 година, и е една од само три произведени примероци.
По судбоносното „да“, принцот Хари и Војвотката Меган се возеа со електричниот Jaguar E-Type Concept Zero. Автомобилот е произведен во 1968 година, но во меѓувреме погонот е заменет со електричен. Овој Jaguar има посебна регистрација E190518 (според датумот на венчавката – 19 мај 2018 година).