TCR Europe: Стефановски повторно со оштетено возило надвор од трката / ВИДЕО
Игор Стефановски Иџе повторно немаше среќа и првата трка во Зандворт ја заврши без пламсан
Тој имаше неверојатен пех на стартот на натпреварот, кога ни крив ни должен се најде во мешаница по која повторно настрада неговото возило. Вториот наш возач во шампионатот, Виктор Давидовски заврши како 15-ти.
Колку за потсетување, по инцидентот во Франција, кога во втората трка го удри своето Hyundai во заштитната ограда, неговиот настап во Холандија беше доведен во знак прашање. По многу напори, возилото на Игор Стефановски, беше оспособено за трка на патеката во Зандворт, но за жал, по умерените квалификации, стигна само до 12-тата стартна позиција .
2018 Zandvoort, TCR Europe Round 3 (цела трка)
По расчистување на мешаницата, трката продолжи и по 12 кругови прв низ целта мина Шпанецот Микел Аскона на Cupra TCR, пред Унгарецот Атила Таши на Honda Civic Type R FK7 TCR и домашниот претставник Јап ван Лаген на Audi RS3 LMS TCR. Водечкиот во генералниот пласман, Србинот Душан Борковиќ беше само петти.
2018 TCR Europe (Генерален пласман по три трки)
Втората трка во Зандворт според сатницата треба да стартува денес во 14:55 часот, но дали Иџе ќе успее да го рехабилитира автомобилот за старт, не е познато.