Софтверска грешка виновна за фаталната несреќа на Uber?
Софтверска грешка, најверојатно, е причина за трагичната несреќа во средината на март во Аризона, кога експериментално автономно возило на Uber прегази жена на патот
Uber одби да ги коментира овие тврдења за медиумите, за да не се меша со тековната истрага na Комитетот за национална безбедност (NTSB) која е во тек.
Во извештај кој го пренесува Reuters се вели дека сензорите детектирале пешачки премин преку улицата, но софтверот одлучил да не реагира.
Се истакнува дека жртвата, 49-годишна жена, возилото ја регистрирало како „погрешно позитивен“ објект или предмет што не претставува закана за возило, а во таа група се на пример пластични ќеси на средината на патот.
Оваа грешка во софтверот, исто така, е пронајдена и во системите на други автономни возила.
Uber веднаш ја суспендираше својата програма за тестирање на автономни возила во Аризона, Сан Франциско и Торонто, вклучувајќи ги и компаниите со кои соработува како Toyota.
Сообраќајната несреќа ја истражува поранешниот директор на NTSB Кристофер Харт, кој бил на чело на истрага за фатални несреќа од 2016 во која учествувал автомобил на Teslа додека во него бил вклучен режим на автопилот.
„Фатални несреќи ќе има, тоа е сигурно, но тоа нема да го оддалечи општеството од развојот на автономниот систем за возење, бидејќи возот веќе ја напуштил станицата“, вели Харт.